Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42 отсто, денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,011 ден/кг и ќе изнесува 52,466 ден/кг.
Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 96,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 99,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 97,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 52,466 (денари/килограм).