Бензините поскапи за 1,50 денари, дизелот за два денара

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) поскапува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисијата за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 81,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 84,00, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 82,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе се продава за 84,00 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,675 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,174 ден/кг.

 

Претходна вестПејачката Елена Ристеска: Имаше обид за напад кон мене за да се извалка моето име
Следна вестФатен бегалец од затвор, имал за доиздржување шест години и шест месеци затвор