Од ноќеска на полноќ цената на бензините се зголемува, а на дизелот се намалува, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/литар и таа ќе изнесува 87,50 ден/лит. За 1,50 денари за литар се зголемува малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и од утре тој ќе се продава по цена од 90,00 ден/лит.
-Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/литар и со тоа нивните малопродажните цени изнесуваат 76,00 ден/лит, се наведува во соопштението.