Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар

Од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1,64 проценти, реши денеска Регулаторна комисија за енергетика..

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 4 јануари 2021 година.

Од ноќеска на полноќ бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава пп цена од 62 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 63,5 денари/литар,  а цената на Еуродизелот ќе изнесува 53,5 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,888 ден/кг и ќе изнесува 29,651 ден/кг.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Има разлика помеѓу снег од хациендата на Шилегов во Маврово и снег во Скопје
Следна вестОд кандидат за Албанец-премиер Насер Зибери стана кандидат за Народен правобранител