ВМРО-ДПМНЕ: Има разлика помеѓу снег од хациендата на Шилегов во Маврово и снег во Скопје

СДСМ освен со манипулации започна да се служи и со халуцинации. Поминаа повеќе од 20 часа од спектакуларната објава на Шилегов за снежно Скопје. Но по 20-тина часа сè уште ниту трага од снег, ниту една снегулка има во Скопје, соопшти Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

-Очигледно е дека статусот градоначалникот Шилегов го пишувал од својата раскошна хациенда во Маврово. Но она што е очигледно дека Шилегов ќе потроши над 100 илјади евра за чистење снег што го нема во Скопје. Толку, за жал, ќе чини годишниот тендер.

Додека граѓаните немаат пари за леб, Шилегов ќе троши народни пари за непостоечки снег во Скопје. Шилегов освен што уништува и создава хаос низ Скопје, тој преку тендери си го полни својот џеб на сметка на граѓаните, обвини Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестЗа грабеж со пластичен пиштол двајца скопјани добија обвинение
Следна вестБензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар