За грабеж со пластичен пиштол двајца скопјани добија обвинение

Обвинение за разбојништво при грабежот на финансиско друштво е покренато против двајца скопјани.

-На 27.11.2020 година, обвинетите дошле пред просториите на финансиско друштво на улица „Васил Главинов“. Едниот обвинет, на возраст од 31 година, чувал стража пред вратата на објектот. За тоа време другиот обвинет, 63-годишен скопјанец, влегол внатре, на двајцата вработени им се заканил со пластичен пиштол, па од сефот и фиоките на финансиското друштво одзел 303.606 денари. Двајцата обвинети потоа избегале во правец кон Камениот мост, но овластени службени лица ги пресретнале и ги лишиле од слобода, а парите им ги одзеле, се наведува во обвинението поднесено од ОЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Претходна вестДали ќе постават патарини и на „Партизанска“ во Скопје?
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Има разлика помеѓу снег од хациендата на Шилегов во Маврово и снег во Скопје