Недостоинствен е статусот на медицинските сестри во државава и час поскоро треба законски да се регулира, оцени денеска Гордана Бешлиевска, претседателка на здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“. Таа зборуваше на прв симпозиум на медицинските сестри инструментарки во Прилеп, а во пресрет на неделата на сестринството.
-Во овој момент, статусот на медицинските сестри понедостоинствен ми се чини дека не бил. Нашето незадоволство е поради нашата непризнаеност, непрепознаеност во болниците, неплатеност или незадоволството од општествениот статус воопшто, на медицинските сестри, со оглед на тоа дека стартната плата на една сестра е израмнета со минималниот личен доход. Нам ни недостасуваат национални програми, ни треба во колективните договори да биде внесено за да ни биде платено како што треба, што ќе ни оцртаат нашите работни задачи, нашите стурчности. Бидејќи го немаме Законот, ја немаме регулирано проффесијата па затоа ги имаме овие проблеми во болниците. Тоа во однос на непризнаеноста на школите и секогаш систематизациите се параван во здравствените институции, поради кои не може да им се признаат високите школи, потецнира Бешлиевска.
Таа додаде дека постои и огромен одлив на медицинскиот персонал и дека недостасува речиси 50 отсто од кадарот, а со што ситуацијата станува алармантна.
-Ако стандардите покажуваат дека на 100.000 жители треба да имате до 800 медицински сестри, односно на еден милион – 7 до 8 000, а во моментов сега сме сите околу 8.000 медицински сестри во земјава, во старт недостасуваат 50 проценти. Тоа е многу голем процент и ги оптоваруваат сестрите во болниците. Мора Законот, кој по 32 години го истакнавме, треба да се донесе и да ги постави основите во образованието, стратегијата, компетенциите и признавањето на медицинските сестри, вели Бешлиевска.