Бесплатен концерт за Владата иако музичарите се разочарани од неа

Музички протест пред Владата. Имено, голем дел од македонските музичари заедно со претставници на ноќните клубови од Македонија денеска излегоа на протест пред владината зграда за да го искажат незадоволството од најновите според нив нелогични одлуки на Комисијата за заразни болести и на Владата за заштита од корона вирусот.

-Протестираме ние музичарите кои не живееме од субвенции и погодности дадени од власта туку од реално музицирање на сцена, по клубови и на свадби. Без некоја логика нам ни се свртеа да не обвинуваат за пандемијата, а ние само сакаме да не сме кочени во работењето и ако може и нам да ни се помогне во овие тешки моменти, ни истакна учесник на протестите.

Протестот почна со музика од направен импровизиран ноќен клуб среде булеварот. На музичарите им се приклучија и сопственици и вработени во ноќните клубови. Сите тие најавуваат дека на 11 октомври ќе организираат уште помасовен протест со многу посилна бучава доколку не им биде излезено во пресрет и во рок од два дена не остварат средба со премиерот. Се бара да се донесе нова помалку штетна одлука.

Претходно по повод ситуацијата со музичарите се огласи музичкиот уметник Џон Илија Апелгрин.

-Државата ги плаќа инспекторите кои треба да вршат контрола на локалите. Тоа што системски потфрлиле значи дека треба полицијата или инспекторите да се казнат бидејќи не си ја завршиле работата. Како може музичарите да бидат виновни?, прашува тој.

Апелгрин наведува дека кога се носат рестриктивни мерки кои тангираат одредени стопански, културни, спортски гранки, во исто време цивилизирани држави предлагаат и мерки со кои ќе им се помогне.

Дали само некој цреп може да помисли дека 55 децибели е добар репер за галама во угостителски објекти? Па во канцеларии е над 70 децибели. ЈСП наместо да ги триплира автобусите како би се разретчил бројот на патниците кои мораат да користат јавен превоз, тие ги пакуваат ко сардини (но во автобус не вирее вирусот)Во исто време се договара отварање граници… Мој заклучок е дека некој е глуп, а отсега генерално ќе го викам касап, напиша во објавата Апелгрин.

Инаку, според одлуката на Владата за новите протоколи, се забранува гостување на ди-џеи и пејачи, во угостителски објект ќе можат да седат само четворица луѓе на една маса и се ограничува музиката во рестораните и кафулињата на 55 децибели.

 

Претходна вестЦентар и Аеродром скокнаа на преку 200 заболени од вирусот, се повеќе и во Карпош
Следна вестЕм не носел маска, ем го нападнал полицаецот кој го опоменал