Ем не носел маска, ем го нападнал полицаецот кој го опоменал

Во последно време зачестија напади врз полицајци. Вчера, двајца полициски службеници биле нападнати во Пробиштип и во Скопје.

Агресијата во Скопје се случила во полициската станица Карпош, по што бил приведен 62-годишен скопјанец.

-Приведениот при влез во станицата физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејства бидејќи не му било дозволено да влезе без заштитна маска на лицето, посочуваат од МВР.

Во вториот случај на напад врз полицаец приведен е 45-годишен маж од Пробиштип, кој нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејства.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претходна вестБесплатен концерт за Владата иако музичарите се разочарани од неа
Следна вестСтружанец починал во стан во Скопје