Стружанец починал во стан во Скопје

Стружанец починал во стан на пријател во Скопје.

„На 6 октомври, околу 22 часот, на Н. Ш. (48) од Струга, додека бил со познајник во стан на подрачјето на Центар, му се слошило и починал. Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Претходна вестЕм не носел маска, ем го нападнал полицаецот кој го опоменал
Следна вестПриведени двајца крадци од Скопје