Без струја делови од Бутел, Карпош и Шуто Оризари

Без струја денеска од 8:30 до 10:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Александар Урдаревски“ на потегот од напојната Трафостаница – Бутел 6 до Тутунска банка, Општина Бутел.

Во временскиот период од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Орце Николов“ згради бр. 155 и бр. 156 во Општина Карпош.

Од 11:30 до 13:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Бутелски венец“, „Индира Ганди“ и „Пелагонија“, Општина Шуто Оризари.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Претходна вестКандидатите за претседател денеска ќе го потпишат Kодексот за фер избори
Следна вестВкупно 1.069 институции не доставиле податоци за службени возила согласно Изборниот закон