Без струја делови од општините Илинден, Чучер Сандево и Ѓорче Петров

„ЕВН Македонија“ извести дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден, Чучер Сандево и Ѓорче Петров.

Во периодот од 8 до 15 часот без напојувањe ќе останат потрошувачите на улицата лево од „Електро Микица“ и потрошувачите на главната улицата кон Илинден во општина Илинден.

Во периодот од 9 до 15 часот струја ќе немаат околината на пристапниот пат до манастирот „Св. архангел Михаил“ и поштата во село Кучевиште во општина Чучер Сандево.

Во периодот од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат дел од потрошувачите на село Кучково (околу Чешма сретсело и патот село Кучково – село Грачани) во општина Ѓорче Петров.

Претходна вестПочина ќерката на Владимир Талевски, кој издржува затворска казна за „Транспортер“
Следна вестИзборната кампања за парламентарните избори од 18-ти април до 6-ти мај