Почина ќерката на Владимир Талевски, кој издржува затворска казна за „Транспортер“

Голема трагедија во семејството на поранешниот градоначалник на општина Битола Владимир Талевски.

На 39-годишна возраст, од срцев удар, почина ќерката на Талески, Марија Талеска Мурговска.

Талевски во моментов се наоѓа на издржување казна затвор во затворот во Прилеп за случајот „Транспортер“, а денес ќе биде пуштен од затворот со придружба за да присуствува на погребот.

Таа живееше во Битола и имаше семејство и дете.

Претходна вестВремето денеска: Сончево со мала облачност и со северен ветер
Следна вестБез струја делови од општините Илинден, Чучер Сандево и Ѓорче Петров