Без струја делови од општините Карпош, Студеничани и Петровец

„ЕВН Македонија“ АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Студеничани и Петровец. Во периодот од 9 до 11 часот корисниците од дел од Студеничани, делот кон селото Морани во општина Студеничани, ќе немаат струја.

Без електрична енергија, во периодот од 9 до 15 часот, ќе останат корисниците во околината на бензинската „Макпетрол“ и околината на салонот за миење автомобили „Ветон“ во општина Петровец.

Во периодот од 9 до 12.30 часот струја ќе немаат корисниците од број 15 и број 17 на улицата Нерешка, Жданец, во општина Карпош.

Претходна вестПешаците вчера стасале до 96 казни, изречени вкупно 194 мерки
Следна вестПремиера на „Вујко Вања“ во Битолски театар