Поради уличен дефект ф-400мм на крстосница помеѓу „Теодосиј Гологанов” и ,Анкарска”, од 7 часот прекинато водоснабдување имаат дел од корисниците во Тафталиџе.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација”, вода ќе немаат корисници од улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов” ,Анкарска”, „Атинска”, „Њуделхиска”, „Бахар Моис”, „Римска”, „Панче Пешев”, „Наум Евро” и дел од „Борка Талевски”, а во населба Козле притисокот ќе биде намален.
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.