Темен режим Режим на светлина

Променливо облачно време со температури до 12 степени

Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад со врнежи од снег, информираат од УХМР.

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне значително облачно и магливо. Во попладневните и вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 10 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Гужва на граница – повеќе од еден час се чека на Табановце

Следна објава

Без вода делови од Тафталиџе