Без вода денеска неколку скопски општини

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска без вода ќе останат делови од општините Карпош, Гази Баба и Центар.

-Поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа, на улицата Струшка бр. 4, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Струшка и дел од улицата Јуриј Гагарин во општина Карпош.

-Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100мм на улицата Камник во општина Гази Баба (по ново улица Љубиша Самарџиќ), од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, вклучително и ресторанот и стрелиштето.

-Поради отстранување внатрешен дефект на водоводна мрежа во комплексот згради „Ист Гејт“ на улицата Беласица бб, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од наведениот комплекс. Санацијата ќе се врши од страна на приватни фирми.

-Поради изведување на водоводен приклучок на улицата Дане Крапчев бр. 8, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците: Дане Крапчев, Дебарца и Славка Недиќ во општина Центар.

Претходна вестВремето денеска сончево и топло, летни температури ќе има и викендов
Следна вестДИК ќе изврши ждрепка за редоследот на листата со кандидати за пратеници