Бик усмртил 82-годишен човек на сточниот пазар во Гостивар

Повредите коишто му ги нанел бик биле фатални за повозрасен жител од селото Врбен, општина Маврово – Ростуше во настанот што се случил денеска на сточниот пазар во Гостивар. Тетовското МВР соопшти дека 82-годишниот Љ.С. починал и покрај обидите да му се укаже медицинска помош.

-Денеска во 9 часот во СВР Тетово е пријавено дека на добиточниот пазар во Гостивар, при истоварање од камион, бик го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С.од гостиварското село Врбен, се наведува во инфорамцијата.

Според првичните информации, старецот се обидел да го наведе животното да се симне од камионската приколка, но во еден момент тоа со главата удрило во телото на Љ.С. и му нанело тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде веднаш бил пренесен за укажување  лекарска помош. Набргу тој им подлегнал на повредите.

Јавен обвинител и екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на настанот и по извршениот медицински преглед телото на починатиот било предадено на семејството.

Претходна вестКалин Ивановски не стаса до полуфиналето на јуниорскиот Вимблдон, загуби од Роденас
Следна вестЈавно обвинителство: Осуммина осомничени за учество во толпа пред Собранието