Бил погоден од залутан куршум, почина Мерван Илјази, тренер на фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново

Почина Мерван Илјази, младиот тренер на фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново кој настапува во Третата македонска лига. Информациите велат дека Илјази бил погоден од залутан куршум и се бореше за својот живот, но за жал не успеа во таа битка.

Веста за неговата смрт ја објави и фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново кој изразува сочувство до семејството за оваа голема загуба.

Денеска третолигашкиот натпревар меѓу Шкендија Арачиново и Ринија започна со едноминутно молчење.

Претходна вестКај 32-годишник од Страчинци најдена дрога, оружје и над 37.000 евра
Следна вестСончево и релативно топло