Бислимоски реизбран за претседател на Регулаторна комисија

Марко Бислимоски доби поддршка од пратениците за втор мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, на денешното продолжение на 120. собраниска седница. Мандатот на претседателот на РКЕ трае пет години.

Бислимоски е на чело на РКЕ од 2018 година. Тој е магистер по електротехника.

За членови на ова тело беа избрани Александар Чаботарев, Фатон Амбари и Мерита Дема.

Претходно, во текот на расправата, пратениците од опозицијата го повторија незадоволство од кандидатите предложени за претседател и членови на Регулаторната комисија.

Кажаа дека правичната застапеност во Комисијата е нарушена бидејќи речиси половина од вработените се Македонци и Албанци, а нема ниту еден припадник на други заедници.

Претходна вестВо Украина исчезнала хуманитарната помош вредна милион долари
Следна вестУтре променливо облачно со максимална температура до 30 степени