Летово нема да има намалување на мрежарината за струја бидејќи не се создадени услови за тоа, изјави денеска првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Тој рече дека корекција на оваа ставка може да има од 1 јануари, откако ќе се направат анализите.
Она што останува во сметките за граѓаните е фиксната давачка од 200 денари за пристап до мрежа, која доколку се укине од Регулаторна велат ќе скокне цената на евтината тарифа но и онаа во блоковите.
Бислимовски рече дека од 1 јули нема да се дозволи ценовен шок за граѓаните. Според него, притисокот врз цената на домаќинствата, може да се намали со префралње на слободниот пазар на малите фирми.
-Сега кога е поевтино не гледам логика да седат на регулираниот пазар. Тоа од друга страна ни прави притсок на на цената на домаќинствата, но овие мали потрошувачи кафичи, дуќанчиња нека си одат на слободниот пазар ако не си го искористат тоа право никој не им е крив, рече Бислимовски.
Коментирајќи го ставот пак на претставниците на пекарската индустрија дека тие во голем дел зависеле од домашното производство и оти со растот на цената на струјата од 1 јули може да се зголеми и цената на лебот, Бислимовски уште еднаш повтори големите компании имаат законска обврска да се снабдуваат со струја од слободниот пазар.