Темен режим Режим на светлина

Сафије Садики нема да му биде заменичка на Стоиљковиќ, ќе оди во Министерството за спорт

Партијата Алтернатива, дел од коалицијата ВЛЕН, ја повлече Сафије Садики-Шахини од Министерството за односи меѓу заедниците со кое, како што најави мандатарот Христијан Мицкоски ќе раководи Иван Стоиљковиќ.

Таа ќе биде префрлена на позицијата заменик-министер во Министерството за спорт, објави ТВ 21.

Веста ја потврди Орхан Муртезани, портпарол и кандидат на Алтернатива за министер за евроинтеграции.

– Сафије Садики-Шахини нема да биде заменик-министер во Министерството за етнички заедници, туку во Министерството за спорт, изјави Муртезани

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пожар над село Марвинци во Валандовско

Следна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Бислимовски: Не се создадени услови за намалување на мрежарината на струјата