Бизнисот бара маржите да се замрнат на 20 отсто и само на основните производи

Стопанската комора денеска побара итна средба со министерот за економија Крешник Бектеши за дополнителни консултации со цел, како што соопштија оттаму, наоѓање избалансирано решение за замрзнувањето на маржите во трговијата на големо и на мало, а коешто треба почне да се применува од почетокот на следниот месец.

Ако маржата се замрзне за одреден период, според компаниите, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало, а потребна е и корекција на листата на производи, односно одлуката на Владата да се однесува само на основните производи во секторите опфатени со неа. Ако не се направи корекција на листата трговците на мало, според информацијата од Комората, компаниите ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат.

Како што соопштија од Комората, претставници на трговците на големо и на мало, како дел од Здружението за трговија и на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија одржале средба на која ја разгледале последната одлука на Владата со која се определува највисоката трговска маржа до 5 проценти на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10  проценти на продажната цена во трговија на мало, како посебен услов во трговијата.

Со одлука на Владата од 1-ви следниот месец до 31- мај годинава највисоката трговска маржа на продажната цена пресметана во трговијата на големо ќе изнесува до пет проценти, односно до 10 проценти на продажната цена во трговија на мало. Мерката се однесува на: леб, шеќер, сол, брашно – тип 400, сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца, тестенини, пченица и овошје и зеленчук. Со оваа одлука се контролира растот на цените на основните прехранбени производи  да нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1 март престанува да важи  претходната валдина одлука за највисоки (замрзнати) цени на основните прехранбени производи.

 

Претходна вестВработен во СВР Куманово простил забрана за управување со моторно возило, доби кривична
Следна вестУкраинците во земјава протестираа пред Руската амбасада: Да запре војната!