Ентони Блинкен, aмериканскиот државен секретар денеска e во Киев. Toj изјави дека веќе пристигнува нов пакет оружје за Украина.
На средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски Блинкен рече дека ќе стигне уште оружје и дека „тоа ќе направи разлика“.
Зеленски пак му рекол на Блинкен дека на Украина сега и се потребни две батерии за противвоздушна одбрана за Харкив, откако Русија започна нова офанзива во областа минатата недела.
-Знаеме и дека помошта е на пат сега, некои веќе пристигнаа, а уште ќе пристигнуваат. И тоа ќе направи вистинска разлика против руската агресија на бојното поле, рече Блинкен за време на ненајавената посета на Киев.
Американскиот државен секретар во текот на денот ќе одржи говор пред студентите на Политехничкиот институт во Киев.