На сите им се јасни ставовите на Заев, Димитров, Бучковски. Тоа се луѓе кои за лични причини би продале се. Тоа се луѓе чии ставови се многу поблиски до ставовите на Каракачанов, Захариева, Борисов, порача на попладневниот протест на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов, претседател на партискиот Патриотски институт.
Тој им се обрати на насобраните граѓаните на протестната блокада пред Министерството за правда, што беше една од три локации на кои денеска најголемата опозициска партија организираше протести.
– Ве повикувам до паѓањето на оваа хунта, до паѓањето на Заев да не се повлекуваме од улиците. И на Заев му е јасно дека крајот му се ближи, кажа Пандов.
На протестната блокада на крстосницата кај македонската Влада која се одвиваше под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот!“ каде се обрати пратеникот Игор Јанушев.
– Имаме двајца докажани криминалци, двајца осудени криминалци кои преговараат за се што е македонско, на кои што овде не им е местото, истакна Јанушев.