Инцидент во ковид – центар: Не ги пуштал лекарите во болничката соба

Агресивно однесување на едно лице е забележано вчера во ковид-центарот во рамките на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.

-На 03.12.2020 во СВР Скопје од обезбедувањето на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во ковид-центарот едно лице го нарушува јавниот ред и мир со агресивно однесување кон медицинскиот персонал. По интервенција на полициски службеници, опремени во заштитна облека, лицето се смирило и констатирано е дека станува збор за С.В.(60) од Куманово, кој не сакал да ги пушти медицинските лица да влезат во неговата болничка соба, се наведува во информацијата.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.4 од ЗППЈРМ, а С.В. ќе остане на понатамошно лекување во центарот.

Претходна вестНа бугарските историчари им пречела придавката „македонски“, а не ги бендисало и секцирањето на Цар Самоил
Следна вестБлокади на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје: До паѓањето на Заев да не се повлекуваме од улиците