На бугарските историчари им пречела придавката „македонски“, а не ги бендисало и секцирањето на Цар Самоил

Употребата на придавката „македонски“ но и други разлики предизвикаа дводневната средба на Мешовитата македонско-бугарска историска комисија да заврши неуспешно. Тоа денеска најдиректно го потврдија двајцата копретседатели на Комисијата, бугарскиот Ангел Димитров и македонскиот Драги Ѓоргиев на заедничката онлајн прес-конференција.

Македонскиот копретседател Драги Ѓорѓиев рече дека средбата поминала навистина во академска атмосфера со плодна, слојна дискусија која за жал, не донела резултати. Добар дел од средбата бил посветен на записниците од 9 и 10 средба, а тука главен проблем испадна употребата на придавката македонски.

Според бугарските колеги употребата на придавката македонски е лимитирана целосно без оглед како се толкува и како е запишана од наша страна. За жал, тоа останува проблемот со придавката, се разговара на повисоко нивоВо однос на учебниците, главна забелешка беше за Самоиловата историја и тука не постигнавме согласност. Главниот проблем е што се избегнува мултиперспективност во учебниците и идејата да се наметне само едно видување резултираше со непостигнување на резултати. Беа разгледувани варијанти, меѓутоа се покажа дека имаме спротивставени гледања како треба да се пишуваат препораките до владите, и како треба да изгледаат идните учебници во двете земји. Тука зборуваме на различни јазици, објасни Ѓоргиев.

Тој додаде дека Гоце Делчев многу малку бил тема во текот на денешниот дел од дводневната средба, па не беше можно да се направи никакво поместување.

Димитров посочи дека голем проблем бил употребата на придавката „македонски“ но и други нешта.

-Резултатот на средбата е „нула“, нема ниту еден минијатурен чекор. Македонските колеги одбиле да ги потпишат записниците од претходните средби. Нашите колеги настојуваа насекаде да се стави „македонски“ што не е во согласност со востановената практика. Блокирањето на потпишувањето на записниците, ја става под сомнеж работата, рече Димитров.

Според Димитров, Комисијата е многу далеку и од завршување на работата во врска со учебниците кои децата ги користат во 7 одделение.

Имавме забелешки за 14 точки, а сега сме  на 4-та точка. Денес дискутиравме за Цар Самоил, и нема резултат на оваа тема. Македонската страна отстапувала од веќе подготвен заеднички текст, вели Димитров

Претходна вестФилипче: Обезбедени се 833.000 вакцини за 400.000 граѓани, вакцинирањето нема да биде задолжително
Следна вестИнцидент во ковид – центар: Не ги пуштал лекарите во болничката соба