Откако почнаа јавните дебати по предлогот за воведување на полиграфско тестирање на цариниците и граничните полицајци за справување со корупцијата на граничните премини – првиот човек на царина, Стефан Богоев смета дека полиграфот не е решение за корупцијата кај вработените. Тој во неделното интервју за Радио Слободна Европа признава дека има корумпирани цариници, за што вели веќе управата поднела и кривични пријави. Според него потребна е дигитализација.
Според националниот координатор за гранично управување Владимир Пивоваров оваа стратегија треба да се примени што поскоро бидејки корупцијата на премините нанесува огромна штета врз економијата и националната безбедност на државата. По собраните мислења од дебатата, Пивоваров најави дека до средина на април ќе биде поднесен извештај до Владата со предлог за измена на Законот за гранично управување.
-Најмалку еднаш годишно секое лице кое работи на ризично работно место да биде подложено на полиграфирање. Посебна институција да се формира под капата на Собрание. Тоа се експерти со лиценци врз кои нема да може никој да врши влијание, затоа ќе треба за оваа институција да биде донесен посебен Закон и се надевам тоа да биде направено час поскоро. Ќе предложиме и полиграфистот во одреден временски период да биде подвргнат на полиграф, вели Владимир Пивоваров –национален координатор за гранично управување
Пред неколку дена се одржа првата јавна дебата за предлогот за воведување на полиграфско тестирање. На дебатата своите аргументи ги вркстија претставници на релевантни институции, професори, експерти, полиграфисти. Најголем дел од присутните го поздравија проекот, а како клучен фактор за пораст на корупцијата на граничните премини но и низ целата држава беше истакнато политичкото влијание.