Едно лице е провредено откако експлозивна направа била фрлена во двор на куќа во скопската населба Керамидница, соопшти полицијата. Според соопшението, инцидентот се случил во 09:20 часот.
-Во експлозијата повреден е Р.Т., кој веднаш бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на медицинска помош.
Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Медиумите пренесуваат дека во нападот е повреден Раде Трајковски – Штекли и дека се работи за трет напад врз него.
Минатата година, во период од два месеци Штекли беше мета на напади во трговскиот центар Ист Гејт.
Во еден од нападите беше погоден во пет куршуми.