Бомбаш самоубиец се разнесе пред турското МВР во Анкара

Бомбаш самоубиец денеска активира и се разнесе со експлозивна направа во главниот град на Турција, Анкара. Вториот напаѓач бил убиен во престрелка со полицијата, при што биле ранети двајца полицајци, наведе министерот за внатрешни работи Али Јерликаја во објава на социјалната платформа Х, поранешен Твитер.

Турскиот министер вели дека експлозијата се случила околу 9:30 часот по локално време на 1 октомври пред седиштето на Министерството за внатрешни работи.

Во областа каде се случил нападот има и неколку други министерства и турскиот парламент, кој денеска треба повторно да биде отворен по летните одмори, со обраќање на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавуваат турските медиуми.

Јерликаја во објавата на социјалните мрежи напиша дека терористите се доближиле до зградата на полицијата со лесно комерцијално возило и дека еден од нив го активирал експлозивот и се разнел, а вториот, додаде, бил „неутрализиран“ во престрелката со полицијата која следела, во која двајца полицајци, исто така, биле полесно ранети.

Обвинителството во Анкара соопшти дека отвора истрага и забрани пристап до областа.

Никој веднаш не презеде одговорност за нападот.

Претходна вестМајката на убиецот од Хром предизвикала пожар за да се прикријат трагите од свирепото убиство со 45 убоди со нож
Следна вестПазарната инспекција за 10 дена затвори десет маркети, издадени казни од над милион евра