Борел: НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел ги коментираше изјавите на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.
– Ќе бидам саркастичен, во таа кампања ќе слушнеме и видиме многу работи, рече Борел. Да бидеме сериозни, НАТО не може да биде воен сојуз „по избор“ ниту да зависи од расположението на американскиот претседател, додаде тој.

НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изјавите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

– Не може еден ден да биде „да“, а друг ден „извинете, кој бевте вие“. Да бидеме сериозни! НАТО или постои или не. Нема да губам време коментирајќи ја секоја глупава идеја што може да се слушне во оваа кампања, рече Борел мислејќи на кампањата за претседателските избори во САД.

Претходна вестПротест на косовските Срби во Северна Митровица против забраната на динарот
Следна вестЦените на нафтата повторно скокаат поради ситуацијата на Блискиот Исток