Борко Ристовски суспендиран на четири години поради клевети кон Димевски

Дисциплинската комисија при Олимпискиот комитет на Македонија по пријава поведе постапка против македонскиот голман Борко Ристовски и поради прекршување на член 17 од Дисциплинскиот правилник му изрече суспензија за четири години.

Голманот на Вардар 1961 е казнет дека „како претставник на политичка партија во ТВ емисија „За или против“ изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметка на претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски, кои може да бидат штетни по МОК“.

На Ристовски му е изречена забрана за вршење на работа во олимпискиот спорт во период од четири години.

Пријавата е поднесена од Даниел Димевски, а одлуката е доставена до Ракометната федерација на Македонија и ракометниот клуб Вардар 1961.

Борко Ристовски има рок за жалба на одлуката на МОК во следните осум дена.

Претходна вестТрка на „Партизанска“, заврши со сообраќајка, автомобил удрил во контејнер
Следна вестТешко повреден кинески работник кој работел на автопатот Охрид-Кичево