Трка на „Партизанска“, заврши со сообраќајка, автомобил удрил во контејнер

Автомобил удрил во неколку столпчиња и контејнер на улицата „Партизанска“ во Скопје. Очевидци за агенцијата „Макфакс“ сведочат дека автомобилот што удри и искрши десетина метални столпчиња што го делат булеварот од патеката за велосипедисти претходно се тркал со друго возило, кое возело паралелно до него. Пред да удри во столпчињата, автомобилот удрил во контејнери.

Од МВР ја потврдија сообраќајката.

-Денеска во 13.25 часот било пријавено дека на бул. „Партизански Одреди“ патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки удрило во контејнер и неколку столпчиња. До овој момент нема пријава за повредени лица, информираат од МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот.

Претходна вестПоевтинуваат горивата од полноќ
Следна вестБорко Ристовски суспендиран на четири години поради клевети кон Димевски