Божиновска, Љутков и Кадиевска веќе не се дел од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, нов член на партиското раководство е Ташаминов

Министерката за енергетика Сања Божиновска, министерот за култура Зоран Љутков и поранешната вицегувернерка на Народна банка Маја Кадиевска-Војновиќ веќе не се дел од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, додека нов член на раководството на владејачката партија е Благоја Ташаминов, пишува „Фокус“.

Како што вели висок партиски функционер, не станува збор за суштински, туку за козметички измени, чија цел е министрите Божиновска и Љутков целосно да се посветат на државните функции, како и на раководењето на партиските комисии за енергетика и култура.

Претходна вестМакедонскиот научник Марјан Комненов пронајде досега непознат вид пајак во БиХ
Следна вестОтворање на „Годишната изложба“ на ДЛУМ во Мала станица