Бранот пак мавна: Починале 35 пациенти од вирусот, новозаразени се 1320 лица

Регистрирани се 1.320 нови случаи на Ковид-19 во Македонија, инаку во последните 24 часа се направени 4.738 тестирања. Починале 35 пациенти.

Новозаразените се во: Скопје – 604, Куманово – 80, Битола – 72, Велес – 62, Охрид – 60, Кавадарци и Штип – по 44, Прилеп – 43, Гостивар – 40, Гевгелија – 38, Тетово – 29, Струмица – 28, Неготино – 23, Струга – 20, Кочани – 19, Кичево – 18, Радовиш и Берово – по 10, Свети Николе и Крива Паланка – по 9, Ресен, Виница и Богданци – по 7, Делчево, Валандово и Крушево – по 6, Демир Капија – 5, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 4, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 35 починати лица: 16 пациенти од Скопје (89г,87г,82г,79г,76г,72г,70г,69г,69г,68г,68г,65г,64г,62,57,54), 4 пациенти од Битола (78г,68г,65г,63г), 3 пациенти од Струмица (80г,64г,62г), по 2 пациенти од Кочани (71г,62г) и Прилеп (84г,69г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (53г), Тетово (69г), Гостивар (79г), Кавадарци (74г), Велес (82г), Гевгелија (34г), Крива Паланка (71г) и Демир Капија (85г). Од пријавените, 35 лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 514 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 612.694 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 126.230, бројката на оздравени пациенти е 104.345, на починати е 3.642, а бројот на активни случаи изнесува 18.243.

Претходна вестНе можев повеќе да чекам маткање од нашата Влада, се вакцинирав во Србија
Следна вестПопишувачите ненавремено ќе бидат имунизирани, пописот треба да се одложи