Нова победа на македонскиот автомобилски ас Игор Стефановски – Иџе. Овој пат тој победи во својата категорија и класа на трката на патеката „Рампа да Фалпера“ во Брага, Португалија.
Популарниот Иџе со својот автомобил „Hyundai i30 TCR“ постави време од 2:12.780 и за две секунди беше побрз од најблискиот конкурент за првото место.
Инаку, тој втора година по ред триумфално се враќа од Брага.