Целовечерен концерт на АКУД „Мирче Ацев“ во Домот на АРМ во Скопје

Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ – Скопје, вечерва во Домот на Армијата ќе одржи целовечерен концерт по повод Денот на сесловенските просветители. Овој концерт посетителите секоја година го очекуваат и со својата долгогодишна традиција се покажа како манифестација која заслужува почит во месецот мај кој изобилува со настани од културата.

На концертот ќе настапат фолклорниот и хорскиот ансамбл на друштвото, како и народниот оркестар.

Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ е симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер на македонското хорско, драмско и фолклорно творештво. Тоа седум децении е подвижен музеј на непроценливото македонско богатство, кое претставува историја и идентитет на македонскиот народ.

АКУД „Мирче Ацев“ е формиран од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1949 година како потреба на студентската младина да ги собира, негува и обработува македонското фоолкорно богатство, ората, песните, инструментите, богатите оригинални носии, македонскотоо хорско пеење со цел да го презентира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во земјава и надвор од неа преку фестивали, концерти и други настани во областа на културата.

Претходна вестМакедонски уметници на групната изложба „Уметноста го обединува светот“ во Венеција
Следна вестБраво: Иџе Стефановски оствари триумф на трката во Португалија