Темен режим Режим на светлина

Меѓународен Фестивал на прозата во Куманово

На 25 и 26 мај годинава се оддржа второто издание на Фестивалот на прозата во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Фестивалот за прв пат се оддржа минатата година и беше одлично прифатен од посетителите и јавноста. Ова е Фестивал на кој се промовираат домашни и странски писатели автори на прозна литература.

Годинава Фестивалот започна на 25 мај каде што првата вечер со публиката дискутираа нашиот академик и писател Владо Урошевиќ и авторката од Србија Даница Вукичевиќ добитнична на Ниновата награда. Модератот на првата вечер беше Александар Маџовски.

Вториот ден 26 мај започна во 12:00 часот со промоција на книга за деца од Јулијана Величковска, на настанот присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадинова – Стојчевска, додека после тоа во 17:00 часот имаше тркалезна маса Дебата за преводот на која зборуваа Петар Андоновски и Катица Гаровска од Македонија, Саша Пуљаревиќ од Словенија и Елена Алексиева од Бугарија, а модератор беше Владимир Јанковски.

Вечерта на 26 мај за своите дела зборуваа Арлинд Фаризи, Живко Гроздановски, Калина Малеска, Стефан Алијевиќ од Македонија и Елена Алексиева од Бугарија, а модератор на втората беше Ана Јовковска. На двата настани присуствуваше националниот координатор за култура Роберт Алаѓозовски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Владин службеник испразнил брана за да го најде телефонот што му паднал додека правел селфи

Следна објава

Вештачка интелигенција открила антибиотик против смртоносна бактерија