На „Малиот битолски Монмартр“ 120 учесници од целиот свет

Со доделување на награди за најдобрите млади ликовни уметници, најдобро школо и најдобар учесник, претпладнево во Битола завршува 42 .издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

Изборот на најдобрите, од 120 учесници, претставници на 13 држави во светот, ќе го изврши меѓународно стручно жири предводено од Теондолинда Паскуал од Португалија која ќе ги соопшти наградите за ликовните творби создадени во старата битолска чаршија, охридската чаршија и Бигорски манастир.

Како што е познато, освен престој на неколку локации, учесниците на „Мал битолски Монмартр“ годинава за прв пат приредија и две изложби на слики кои беа поставени во генералните конзулати на Бугарија и Грција со седиште во Битола.

Претходна вестАгенцијата за филм поднесе пријава против продукцијата на Манчевски: „Направени се очигледни неправилности“
Следна вестЈапонскиот премиер го отпушти својот син, поради несоодветно однeсување