Темен режим Режим на светлина

„Младите доаѓаат“ – концерт во Филхармонија

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Младите доаѓаат“ со ученици од средните музички училишта во Македонија.

Диригент е Иван Еминовиќ, а на програмата се дела од Моцарт, Берио, Вебер.

Лехар, Сибелиус, Григ и Равел.

Како солисти ќе настапат Јана Стоилевска (соло пеење, III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, класа проф Гонца Богоромова Краповски), Божана Гошева (виолина, II средно, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, класа проф.

Јелена Туфекчиевска), Мевљуд Асаноски (кларинет, III средно, ДМУ – Битола, класа проф. Марјан Бакревски), Алек Гравчевски (фагот, III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, класа проф. Горан Зафировиќ), Јана Блажевска (соло пеење, III средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф. Маја Митровска), Леонардо Димоски (виолина, IV средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф. Оливера Гемту), Арсениј Ангелески (пијано, III средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф.Татјана Божиновска) и Иван Стојанов (пијано, II средно, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, класа проф. Катерина Ќетковиќ Фидановска).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Нови инциденти на Косово: полицијата фрли солзавец врз вработените во општина Звечан

Следна објава

Поетот Јовица Тасевски - Етернијан побара да се намали бучавата од џамијата во Долно Нерези