Поетот Јовица Тасевски – Етернијан побара да се намали бучавата од џамијата во Долно Нерези

Поетот, книжевен критичар и есеист Јовица Тасевски – етернијан поднесе иницијатива до Општина Карпош да превземе соодветни мерки поради, како што вели во писмото испратено до медиумите, неподносливата бучава што доаѓа од џамијата изградена во 2005 во населбата Долно Нерези. Тасевски пишува дека инсталираните звучни уреди предизвикуваат непријатност и вознемирување на граѓаните, спротивно на Законот за заштита од бучава во животната средина.

– Имене џамијата со минаре во населбата Долно Нерези, како објект во кој се употребуваат звучни уреди подлежи на одредбите од Законот за заштита од бучава во животна средина и како сите други правни и физички лица треба да ги почитува истите. Наспроти ова, наведениот објект ина инсталирано звучни уреди кои се активни повеќе пати во текот на денот со максимален интезитет и на тој начин создава бучава во околината и предизвикува непријатност и вознемирување на жителите во населбата Долно Нерези и пошироко, во Тафталиџе 2 и во Карпош 4. Инсталирањето и секојдневната употреба на звучниците со голема моќност што го надминува дозволениот интезитет односно дозволеното ниво на бучава е во спротивнот со претходно потпишаната изјава на претседателот на одборот за изградба на џамијата заверана на нотар дека во објектот нема да се постават звучници кога во 2005 година истата претставуваше нелегален објект и на седница на Советот на Општина Карпош требаше да се изгласа деталниот урбанистички план со кој џамијата се легализира, наведува тој во писмото

Поетот бара од Општина Карпош да издаде решение за демонтирање на звучниците како извор на бучава, а во прилог на тоа објави и одговор од локалната самоуправа во која од таму наведуваат дека комуналниот инспектор ја известил Исламската верска заедница и дека ќе се пристапи кон решавање на овој проблем.

Претходна вест„Младите доаѓаат“ – концерт во Филхармонија
Следна вестTри месеци ниту трага ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски