Tри месеци ниту трага ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

По изминати речиси три месеци од грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, од него нема ниту трага ниту глас. Институциите тврдат дека трагаат по него, осомничените и натаму тврдат дека се невини и немаат никаква поврзаност, а родителите бараат каква било информација за грабнатиот. Од скопското Обвинителство за „Макфакс“ посочуваат кои дејства ги презеле, но не одговараат дали истрагата напредува за Костадиновски да биде најден.

– Во рамките на огромниот број дејства што Основното јавно обвинителство Скопје ги презема со цел пронаоѓање на лицето и обезбедување докази беше извршена и реконструкција на целиот настан во согласност со проверките направени до овој момент. Обвинителството крајно посветено работи на расчистување на настанот, велат од Обвинителството за „Макфакс“.

Притворот за осомничените скопјани, во чиј автомобил Костадиновски последен пат бил снимен како влегува, се продолжува од месец на месец. Обвинителството тврди дека тие може да избегаат, да скријат докази, да влијаат на сведоци – Кривичниот суд смета дека сомневањата се оправдани и треба да останат во затворот во Шутка.

Претходна вестПоетот Јовица Тасевски – Етернијан побара да се намали бучавата од џамијата во Долно Нерези
Следна вестХоландски амбасадор Коп: Судскиот совет стана нелегитимно тело