Браво: Иџе Стефановски оствари триумф на трката во Португалија

Нова победа на македонскиот автомобилски ас Игор Стефановски – Иџе. Овој пат тој победи во својата категорија и класа на трката на патеката „Рампа да Фалпера“ во Брага, Португалија.

Популарниот Иџе со својот автомобил „Hyundai i30 TCR“ постави време од 2:12.780 и за две секунди беше побрз од најблискиот конкурент за првото место.

Инаку, тој втора година по ред триумфално се враќа од Брага.

Претходна вестЦеловечерен концерт на АКУД „Мирче Ацев“ во Домот на АРМ во Скопје
Следна вестЗошто полицијата не успева да ги скроти здивените возачи низ Скопје?