Скромниот освојувач на МВП Јокиќ: Не можам да се споредам со Ѓоковиќ тој прави големи работи за децата

Никола Јокиќ го освои МВП признанието во западното финале од НБА-лигата, откако клубот во кој настапува Денвер го елиминира Лејкерс со 4-0 и првпат во историјата се пласира во големото финале. Јокиќ беше во фокусот на новинарите по натпреварот, а доби и пршање поврзано со Новак Ѓоковиќ.

Со оглед на тоа што и на двете големи ѕвезди и сонародници им престои можност за освојување на големи пехари, Јокиќ во НБА финалето, а Ѓоковиќ на Ролан Гарос, Џокер беше прашан дали ќе се слушнат со него.

Јокиќ при одговорот уште еднаш ја покажа својата скромност, по што е особено познат.

– Искрено го немам неговиот телефонски број. Тој е човек кој ја претставува Србија пред многу поширок аудиториум и е амбасадор на Србија, како и идол на децата и тоа не само на терен, туку и со тоа што го прави со фондацијата. Тоа е човек на кого треба да се огледате и јас сакам да сум како него. Прави големи работи за децата, за Србија, за сè. Не можеме да се споредиме, истакна Јокиќ.

Инаку Јокиќ е оценет како еден од најдобрите кошаркари што има играно во НБА лигата, а неговата игра можеби најдобро ја опиша најдобриот кошаркар на Лејкерс, Леброн Џејмс кој имаше само пофални зборови за српскиот ас и кој за Јокиќ вели дека гледа потег пред тој и да се случи.

Претходна вестРевизорите открија: Скопски „Водовод“ морал да плати 1,9 милиони евра за адвокати за наплата на заостанат долг од 1,5 милиони евра
Следна вестМалолетник нападнал жена, таа паднала и тешко се повредила