Темен режим Режим на светлина

Бојан Миовски предвреме ја заврши сезоната

Репрезентативецот Бојан Миовски ја заврши сезоната. Напаѓачот на Абердин, беше жртва на бруутален старт на 18.годишниот Тери Смол, во 30.минута на натпреварот со Сент Мирен.

Абердин и Миовски се огласија по натпреварот. Добра вест е дека нема никаква скршеница, а магнетната резонанца ќе покаже колкав е степенот на повредата на лигаментите.

Веројатно Миовски нема да биде во конкуренција за јунскиот квалификациски циклус, за пласман на ЕП. Македонија на 16 и 19 јуни ќе игра против Украина и Англија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Казнети 137 возачи во Скопје, 22 возеле без дозвола, 13 биле пијани...

Следна објава

Татко и син затворени поради измама на лото од 20 милиони долари