Казнети 137 возачи во Скопје, 22 возеле без дозвола, 13 биле пијани…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 22 мерки за возење без возачка дозвола и 13 санкции за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за возач почетник, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…, наведуваат од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Претходна вестСин и татко уценувале скопјанец со видеа со експлицитна содржина
Следна вестБојан Миовски предвреме ја заврши сезоната