Алкалоид вторпат го победи РК Вардар, обезбеди директен пласман во Европската лига на ЕХФ

Ракометарите на Алкалоид и вторпат сезонава го совладаа Вардар, овојпат како гости во СЦ „Јане Сандански“ со 21:25 и го освоија второто место во шампионатот на Македонија. Тимот на Кире Лазаров со тоа обезбеди и директен пласман во Европската лига на ЕХФ, а вардарци ќе мора да играат квалификации за ова натпреварување, дфоколку добијат дозвола за настап во Европа.

Филип Талески се прости со навивачите на РК Вардар, доби врамен дрес и аплаузи за збогум, а РК Вардар сепак не прикажа игра според очекувањата.

Двете екипи имаа свои моменти во текот на мечот, кој се решаваше во финишот. Вардарци имаа егал 18:18, но потоа попуштија во одбраната, па Алкалоид создаде три гола позитива. Стојковиќ и Серафимов беа одлични кај гостите, па тимот на Лазаров обезбеди и четири гола позитива (19:23) и до крајот немаше проблеми да го завери триумфот.

Најефикасен играч на натпреварот беше Мартин Серафимов со шест гола. Кај Вардар, Дутра и Георгиевски имаа по четири реализации.

Претходна вестУапсени тројца скопјани кај реката Бабуна, кај нив пронајдени екстази
Следна вестОдбојкарките поразени од Австрија