Ноле го прекина тренингот и му помогна на дете (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за Ролан Гарос, а во саботата одработи и отворен тренинг заедно со Карен Хачанов. Трибините беа исполнети речиси до последното место. Беше екстремно топло, па на трибините имаше непријатна сцена, на едно момче му се слоши.

Новак веднаш прекина со тренингот за да му помогне на младиот навивач. Го спушти на теренот, го донесе до клупата и му помогна да се освежи, му даде вода и ледена крпа која му ја ставил на вратот. Потоа повторно го донесе на делот каде што е трибините, го крена во раце и го врати на неговото место.

Целиот стадион му аплаудираше на тенисерот за гестот.

Претходна вестПромовирана книгата „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова
Следна вестОблачно, нестабилно, со поројни дождови и грмежи