Облачно, нестабилно, со поројни дождови и грмежи

Променливо облачно, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а дневната од 17 до 28 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Изутрина, температура ќе изнеснува 13 додека дневната ќе достигне 26 степени.

 

 

Претходна вестНоле го прекина тренингот и му помогна на дете (ВИДЕО)
Следна вестЕрдоган победи на претседателските избори во Турција, Киличдароглу вети дека ќе ја продолжи борбата за демократија