Ѓорческа напредуваше, Ивановски се лизна на најновата ранг листа

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа скок на најновата ВТА листа.

Ѓорческа има 311 поени зад своето име или поточно тоа беше доволно за напредок од 22 места и сега е 230. рекет на светот. Од нашите претставнички во поединечна конкуренција има место уште за Магдалена Стоилковска која е на 1346 место.

Во дубл пак Лина е 416 на планетава, Александар Симева пак во истата конкуренција го држи 1289 позиција.

Кај мажите пак, Калин Ивановски отиде шест чекори назад за 421 место на АТП листата. Обрад Марковски имаше сериозен напредок (104 позиции) со кој сега е 1166 тенисер на планетава. Останатите Македонци како Србљак, Бугариќ, Мицов и Јотовски забележаа пад на листата на тениските професионалци.

Кога е во прашење дубл-конкуренцијата Ивановски (514) и Марковски (1127) отидоа напред со 91 и 489 позиции, а пак останатите се лизгаа од 7 до 22 места.

Претходна вестУчилиштен летен камп за учениците од Општина Илинден
Следна вестУтре во Скопје изменет сообраќаен режим